Почетна Убавина и здравјеСе приготвува лесно, а ќе добиете десерт како од врвен ресторан! – Убавина и здравје

Се приготвува лесно, а ќе добиете десерт како од врвен ресторан! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Питата од диња со купечки кори е совршениот десерт за викенд исполнет со одмор и уживање

Дињата важи за една од најздравите намирници, бидејќи е овошје со ниска енергетска вредност, а со голема количина на вода и витамини. Ретко се применува во кујната, но мора да ја пробате оваа сочна пита со диња.

Состојки:
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици гриз
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 100 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 4 резанки диња
  • 6 листа тенка кора за пита
Приготвување:

1. Изматете јајца со шеќер, додајте гриз и просеан прашок за печиво.

2. Додајте масло и јогурт и измешајте убаво.

3. Првата кора премачкајте ја со масло, а другите две премачкајте ги со 2 полни лажици од смесата со јајца.


Поврзани објави

4. Размачкајте ја смесата преку кората, па ставете ја третата кора одозгора и премачкајте ја со смеса од јајца.

5. На третата кора на дното ставете потенки резанки диња, свиткајте ги рабовите и завиткајте.

6. Наредете ги во подмачкан плех и прелејте ги со преостанатиот фил.

7. Печете на 200 степени, 40-45 минути додека зарумени.

8. Посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав.

9. Пресечете ја оладена.

Од овие состојки ќе ви излезат околу 10 парчиња, а едно парче (околу 120 г) содржи 250-300 калории.

ФОТО: Јутјуб