Почетна Убавина и здравјеВикторија Стојовска: Пронајди ме  | Lady

Викторија Стојовска: Пронајди ме  | Lady

од nenad
1 минути читај за

Пронајди ме.

Не таму каде што ме остави,

зашто таму одамна ме нема.

Не во фотографиите,

тие се само сенки од тоа што некогаш бев.

Не во спомените,

тие се измамници што ја менуваат вистината

за да те смират.

Пронајди ме во ноќите кога нема да можеш да заспиеш,

кога ќе почувствуваш дека нешто недостасува,

а нема да знаеш што е тоа.

Пронајди ме во дождот што ќе ти ја размачка шминката,

во првото утринско кафе што ќе го испиеш сама,

во тивките чекори што одѕвонуваат во празната соба.

Јас сум таму каде што се сретнуваат болката и нежноста,

каде што срцето се крши,

а сепак сака да биде пронајдено.

Ако некогаш решиш да тргнеш по мене,

оди бавно.

Слушај го секој здив на патот,

зашто можеби ќе ме чуеш

пред да ме видиш.

И ако ме најдеш,

немој да ме прашаш каде бев.

Само земи ми ја раката

и не дозволувај повторно да се изгубам.

Автор: Викторија Стојовска