Гаврил Бубевски, шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, разговараше во емисијата „360 степени“ и откри дека најголем дел од педесетината куршуми кои се испукале во „Шиша бар“ завршиле во телата на двајцата убиени. Сепак, тој се уште нема информации за колку точно рани имаат во телата на убиените. 40-50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Потврди дека убиството е случено на вториот кат на објектот и гостите биле тие две лица. Исто така, откри дека не е сигурен на кој јазик зборувале напаѓачите, бидејќи многу е помалку веројатно дау е работа за чист македонски јазик. Напаѓачите се уште не се откриени и Бубевски потврди дека се испитуваат сите можности за да се види дали постојат сериозни траги кон одредени лица. D
Во барот “Шиша” беа пронајдени 50 чаури, каде што голем дел од тие куршуми завршија во телата на лицата кои беа убиени.
77