73
Украина не е поврзана со нападите на гасоводот „Северен тек“, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По неодамнешните медиумски извештаи кои ја поврзуваа експлозиите на гасоводот со проукраинските групи, Зеленски им рече на новинарите: „Да бидам искрен, тоа е смешно.“
„Информациите за наводната поврзаност на Киев со нападите на „Северен тек“ се шират за да се забави помошта на Западот за Украина. Мислам дека е многу опасно некои независни медиуми, кои секогаш ги третирав со голема почит, преземаат такви чекори. Мислам дека е погрешно, дека тоа функционира само во рацете на Русија“, рече Зеленски.
