Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека единствено вториот конкурс, објавен од Министерството за локална самоуправа, има предвидено преку половина милијарда денари за инвестиции во спортската инфраструктура во општините.
Мицкоски потенцираше дека вкупната инвестициска сума на двата конкурса надминува 720 милиони денари и најави дека Владата ќе продолжи со исто темпо да инвестира во оваа област.
“Севкупно, на првиот и вториот повик беа околу 35 – 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. Ќе продолжиме во таа насока.”
“Се завршуваат проектите што беа почнати па заборавени, како базените. Се што било почнато завршуваме, но ќе се заврши и она каде ќе констатираме дека треба да се интервенира и дел од овие проекти финансирани преку Владата,” подвлече Мицкоски, одговарајќи на прашања од новинарите откако, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани, пушти во употреба комплетно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија.
мч/вј/фото: МИА
Извор: МИА