Пејачот и неговото семејство го прославија роденденот на ќерката со гламурозна журка и свечено вселување.
Пејачот Миле Китиќ и неговата сопруга Марта Савиќ синоќа направија двојна прослава – роденден на својата ќерка Елена Китиќ и свечено вселување во новата луксузна вила на Авала. На настанот присуствуваа само најблиските пријатели, а атмосферата била полна со музика, насмевки и среќа.
Новата семејна куќа, чија вредност се проценува на околу еден милион евра, не е купена, туку изградена по нивна замисла и вкус. Вилата има два спрата, е опкружена со природа, а нејзините содржини вклучуваат голем базен, дворен камин, фонтанa и внимателно уреден ентериер и екстериер. За сите детали се погрижиле професионалци, но главниот збор околу уредувањето, според Миле, го имала Марта.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
Поврзани објави
Иако семејството веќе поседува имот во Доминиканската Република и голема вила во срцето на Врачар, тие одлучиле токму на Авала да се населат. Причината, како што вели пејачот, е желбата да избегаат од метежот и гужвата на градот и да уживаат во мирна средина, поблиску до природата.
Малку ми е доста од оваа урбана врева. Имав плац на Авала, ја завршив куќата и во јуни се селам таму“, изјави Миле Китиќ неодамна.
Со ова, семејството започнува ново поглавје во простор кој зрачи со луксуз и топлина.
printskrin Youtube – hype tv mile kitic