Почетна ЕкономијаИран против транзитен коридор за Азербејџан, проект поддржан од Трамп

Иран против транзитен коридор за Азербејџан, проект поддржан од Трамп

од nenad
1 минути читај за

Советодавникот на иранскиот највисок лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес соопшти дека Иран нема да ја поддржи изградбата на коридор во Кавказ, проект кој е поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп за да се поврзе Азербејџан со неговата ексклава Нахчиван.

“Имплементацијата на овој план би ја загрозила безбедноста на Јужен Кавказ, а Иран подвлекува дека, со или без Русија, ќе преземе дејствија за да ја обезбеди безбедноста на Јужен Кавказ”, изјави Али Акбар Велајати за една иранска информативна агенција.

“Исто така, веруваме дека Русија стратешки е против тој коридор”, додаде тој.

Договорот постигнат вчера во Вашингтон од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан става крај на деценискиот територијален спор помеѓу нивните држави.

Спогодбата предвидува воспоставување на транзитна зона која ќе минува низ Ерменија за да се овозможи поврзување на Азербејџан со неговата енклава Нахчиван, што е долгогодишно барање на Баку. Во тој стратешки важен регион, богат со гас и нафта, САД ќе имаат право да развијат коридор наречен “Трамповиот пат за меѓународен мир и просперитет”.

Иран веќе подолго време се спротивставува на коридорот, стравувајќи дека тој ќе го изолира од Кавказ и ќе донесе присуство на странски сили на неговата граница.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, утринава го поздрави мировниот договор меѓу Ереван и Баку, постигнат со посредство на Вашингтон, но предупреди дека е против “каква било странска интервенција”, имајќи ги предвид правата за развој дадени на САД во тој коридор во близина на иранската граница.

рп/Фото: ЕПА .
Извор: МИА