Почетна ЕкономијаЕфтимов: Релиќ е девојче со голем сон

Ефтимов: Релиќ е девојче со голем сон

од nenad
1 минути читај за

„Едно мало девојче со голем сон… Од мало место, без сала, без услови, без скапи тимови и поддршка, без скапи реквизити, без тим од десетици луѓе до најголемата светска сцена, чекор по чекор, со срце што не знае за граници. Пред точно една година, на денешен ден, на најголемиот спортски настан Олимписките игри се случи нешто што ќе го паметиме засекогаш“, емотивно пишува Александар Ефтимов, тренер на нашата таекводно олимпијка Милијана Релиќ.

Тој потсетува дека два пати победиле олимписка шампионка, светска шампионка и трикратна европска првенка, девојката која со години беше наш идол, наш мотив.

„Таа имаше зад себе армија: два кондициони тренери, нутриционисти, физиотерапевти, најсовремени услови… а ние? Месец дена пред Олимпијадата немавме ни сала за тренинг. И покрај сè, Мила се бореше храбро и со цело срце за себе и за својата држава. Но тоа што Мила го покажа тој ден беше повеќе од резултат: тоа беше храброст, дисциплина, борбен дух и страст што ретко се гледаат. Во втората борба, само еден поен, еден здив, еден миг не оддели од уште една голема победа“, додава Ефтимов.

Првата рунда заврши нерешено, втората еден поен разлика. Скромните почетоци прават најсилни борци.

Изминатава година Милијана продолжи со собирање поени за Лос Анџелес 2028, имаше неколку освоени медали на Г-1 натпреварите од светската лига, бронзен во Хрватска, сребрен во Шведска, бронзен во Австрија и значителни поени и од останатите турнири меѓу кои и силниот Европски Президент Г-3 Куп во Софија.

Следна недела Милијана оди на висински подготовки на планина, на крајот на месецот одиме на Гранд При Челинџ во Муџу, Кореа, веќе од септември стартуваат Г-1 турнирите во Швајцарија и Полска. Најважниот турнир за оваа година е светското првенство во Кина во октомври каде атакуваме на медал, вели тренерот Ефтимов.