Почетна ЕкономијаСредба кај Дурмиши за цените на храната со трговците, производителите и дистрибутерите

Средба кај Дурмиши за цените на храната со трговците, производителите и дистрибутерите

од nenad
1 минути читај за

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес попладне ќе оствари средба со трговците, произведувачите и дистрибутерите. Главна тема на разговорот ќе бидат цените на прехранбените артикли.

Министерот потенцираше дека ова ќе биде последно укажување и аларм до нив да постапуваат одговорно. Во спротивно, најави дека Владата ќе имплементира строги мерки.

“Нашето барање е да дејствуваат соодветно, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни.”

“Ако се однесуваат како претходните месеци, ќе преземеме соодветни чекори, ќе донесеме остра одлука.”

“Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки”, истакна министерот, одговарајќи на прашања од новинарите по прес-конференцијата на која беше промовирана училишната кошничка.