Иако на хартија се пензионерки, естрадните ѕвезди како Лепа Брена, Ана Бекута и Лепа Лукиќ не ги напуштаат сцените, а нивните месечни примања им дозволуваат луксузен живот.
По четири децении на сцена, Лепа Брена официјално доби решение за пензија, но тоа не значи крај на нејзините настапи. Таа останува активна на естрадата, како и многу нејзини колешки што редовно ги полнат салите низ Балканот и покрај тоа што редовно примаат пензија.
Весна Змијанац, иако со здравствени проблеми, пее кога и да може. Нејзината пензија ги покрива основните трошоци, но вистинската заработка доаѓа од настапите. Од друга страна, Ана Бекута прима две пензии – домашна и австриска – но не сака да зборува за суми. И таа е одлучна да продолжи со музика сè додека има енергија.
Поврзани објави
Контроверзната Нада Топчагиќ отворено зборуваше за нејзината почетна пензија од 35.000 динари, која денес е зголемена. Таа заработува и од настапи и од изнајмување на недвижности. Злата Петровиќ исто така вели дека си го обезбедила животот навреме, а дополнителна пензија од странство наскоро ќе ѝ ја подобри финансиската состојба.
Највпечатлива е приказната на Лепа Лукиќ, која прима три различни пензии – домашна од 107.000 динари, национална од 73.000 и канадска од 1.250 евра. Зорица Брунцлик добива национална пензија, но со редовни настапи и концерти заработува многу повеќе. Овие дами се доказ дека музичката кариера не завршува со пензионерската карта.
printskrin Youtube-zvezde granda