Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ повторно ги возбуди фановите со провокативна фотка од луксузен автомобил.
Уна Чолиќ, ќерката на познатиот пејач Здравко Чолиќ, не престанува да предизвикува со своите провокативни фотографии на социјалните мрежи. Последната објава го привлече вниманието на многумина, бидејќи таа позираше во луксузен автомобил со лежерно спуштени бретели на фустанот.
Уна редовно ги привлекува погледите со своите облини, а овојпат уште еднаш докажа дека знае како да го искористи својот шарм и заводливост. Многумина забележаа дека нејзиниот татко не штедел кога го избирал автомобилот за својата наследничка.
Поврзани објави
Покрај тоа, Здравко Чолиќ се потрудил да обезбеди вистински луксуз за семејството. За одморот во хотел со пет ѕвезди во Хрватска, каде ноќевањето чини речиси 400 евра, пејачот издвоил околу 20.000 евра. Со тоа се грижел неговата сопруга, ќерките и дечкото на Уна да уживаат во најдоброто.
Јасно е дека Чолиќ не штеди кога станува збор за комфорот и уживањето на своите најблиски, а тоа се гледа и во начинот на кој Уна ги покажува своите луксузни моменти.
printskrin Youtube-blic colic