Почетна Убавина и здравјеЖените го обожаваат, а мажите не можат да го поднесат – Убавина и здравје

Жените го обожаваат, а мажите не можат да го поднесат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Костимот за капење со дезен на женски дланки предизвика бурни реакции на Интернет: мажите се згрозени, а жените воодушевени

Како што велат, за вкусовите не се дискутира. Сепак, во реалноста често се водат полемики – особено кога станува збор за модата. Па така, овој пат еден необичен костим за капење предизвика лавина од коментари – особено меѓу мажите.

Костим за капење што ги остави сите без зборови

Станува збор за едноделен костим за капење чиј горен дел е изработен од тенка мрежичка, додека одредени делови се покриени со материјал во форма на женски дланки со лакирани нокти. Дизајнот е впечатлив, провокативен и, според многумина, бизарен.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм
Од шок до гадење

Како и секогаш, социјалните мрежи се место каде што се изнесуваат мислења без задршка. Мажите воопшто не биле млаки со коментарите:

„Што е ова, господе?“, „Не сум видел побизарен костим за капење“, „Не би сакал да ја видам девојка ми во ова“, „Изгледа како да сте му ги отсекле дланките некому“, „Каква гадост“, „Ако девојката носи нешто вакво, јасно е што ќе ти направи доколку помисли дека ја изневеруваш…“

Реакциите варираат од потсмев до вџашеност, а повеќето коментари се токму од мажи кои истакнуваат дека би го забраниле ова парче.


Поврзани објави

На девојките не им е гајле – овој костим за капење е хит!

Од друга страна, многу жени се воодушевени од моделот. Овој костим за капење го потпишува бразилската дизајнерка Адријана Дегреас, позната по својот авангарден и уметнички пристап кон модата. Иако моделот е креиран пред неколку години, повторно стана хит откако бројни инфуленсерки почнаа да го носат летово.

За многу девојки претставува смел моден израз, уметничко парче и начин да се истакнат на плажа – без оглед на реакциите.

Каде е границата помеѓу уметноста и невкусот?

Овој костим за капење отвора старо прашање: дали модата е слободен простор за изразување или би требало да има одредени граници? И додека едни се згрозуваат, други ги слават храброста и оригиналноста. А можеби токму тоа е поентата на модата – да предизвика реакција.

ФОТО: Инстаграм