Непланирана свирка на плажа во Црна Гора прерасна во вистински музички спектакл.
Катарина Грујиќ приреди незаборавен момент на црногорското приморје, кога заедно со колегите Радиша Трајковиќ Џани и Урош Живковиќ започна да пее во еден ресторан покрај морето. Иако првично само уживале во ручекот, атмосферата неочекувано се претворила во жива свирка.
Тројцата пејачи, во придружба и на Милош Трајковиќ, синот на Џани, ги изненадија сите гости во локалот со серија народни и популарни хитови. Спонтаната забава предизвика вистинска еуфорија – гостите почнаа да пристигнуваат од сите страни, а целиот ресторан бил преполн за кратко време.
Поврзани објави
Катарина Грујиќ моментално е сместена во Црна Гора, каде покрај дневното уживање на плажа, вечерите ѝ се исполнети со настапи во клубови. Овој мал излет на плажа, сепак, покажа дека нејзината харизма и енергија можат да го распаметат народот дури и без сцена.
Грујиќ ова лето ќе настапи на 12 локации на црногорското приморје, за што ќе инкасира околу 200.000 евра – цифра што само ја потврдува нејзината популарност и побарувачка.
printskrin Youtube-televizija E katerina grujic