Рокерот откри колку му значела Вики и зошто нејзиното заминување го доживува како тежок удар.
Жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ претрпе неочекуван удар откако Вики Миљковиќ реши да се повлече од форматот по цела деценија учество. Веста ја изненади јавноста, но особено го погоди нејзиниот колега и пријател Ѓорѓе Дејвид.
Рокерот искрено проговори за моментот, опишувајќи го како „емотивно многу тежок“. Тој откри дека Вики била првата што му пружила рака кога се приклучил во жирито, му помогнала да се прилагоди и секогаш била тука за него во првите години. Според него, нејзината поддршка била од огромно значење.
Поврзани објави
Како што вели Ѓорѓе Дејвид, Вики најверојатно заминува поради подобра понуда од друг формат, што, како што истакнува, е разбирливо бидејќи сите работат за егзистенција. Тој не ја исклучи можноста еден ден и самиот да направи сличен потег, но засега останува посветен на кандидатите со кои работи.
Тој нагласи дека Вики Миљковиќ, исто како и нивната колешка Марија, ја известила групата на жирито за своето заминување со порака. Тоа, според него, покажува фер и коректен однос, за разлика од друг член на жирито кој, како што вели, не го направил истото.
printskrin Youtube-balkan u trendu dzorde david