Почетна ЕкономијаСАД одобри нова продажба на оружје за Украина, вредна 322 милиони долари

САД одобри нова продажба на оружје за Украина, вредна 322 милиони долари

од nenad
1 минути читај за

Американскиот Стејт департмент даде зелено светло за продажба на оружје и воена опрема на Украина во вредност од 322 милиони долари, со цел зајакнување на нејзините способности за противвоздушна одбрана и обезбедување на Киев со оклопни возила за борба.

Во официјалното соопштение се наведува дека Конгресот е информиран оти од вкупниот пакет, 150 милиони долари се одредени за резервни делови, сервисирање и репарација на американски оклопни возила, додека 172 милиони долари ќе бидат распределени за системи ракета-земја-воздух.

Ова одобрување доаѓа неколку седмици по одлуката на министерот за одбрана Пит Хегсет за привремено суспендирање на испораките, со цел преглед на актуелните залихи. Но, претседателот Доналд Трамп во меѓувреме ја смени позицијата и јавно вети континуитет на испораките, предлагајќи европските партнери да набават американска воена опрема која потоа ќе ја препратат на Украина.

“Засега не е јасно како новиот предлог ќе се вклопи во тој аранжман.”

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, САД имаат испратено повеќе од 67 милијарди долари воена и безбедносна помош за Киев.

ссм/фото: архива

Извор: МИА