Синот на Гоца Божиновска признал дека песната „Шампањац“ го занела толку што доживеал несреќа.
Познатата пејачка Ивана Електра откри анегдота од која и таа самата била изненадена – Мирко Шијан, синот на фолк ѕвездата Гоца Божиновска, доживеал сообраќајна несреќа под влијание на нејзината песна „Шампањац“. Како што раскажа, го сретнала во бутик, каде што ѝ ја споделил необичната приказна.
Ми рече дека ја слушал ‘Шампањац’, бил во зенит на емоција и – ја слупал кола,“ раскажа Ивана Електра, а потоа низ смеа му одговорила:
„Не си ја слупал колата поради песната, туку затоа што малку повеќе си испил!“
Случката ја раскажа за регионалните медиуми, каде што и додаде важна порака: младите не треба слепо да ги следат стиховите на песните, особено оние како „нова кола да ти слупам“, туку секогаш да внимаваат на своето здравје и живот.
Иако инцидентот завршил без посериозни последици, приказната е потсетување дека музиката, иако забавна, носи влијание – а одлуките, дури и во моменти на еуфорија, треба да бидат одговорни.
printskrin Youtube-amig show goca bozinovska