Почетна ЕкономијаПросечната нето плата во мај изнесува 45 796 денари

Просечната нето плата во мај изнесува 45 796 денари

од nenad
1 минути читај за

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната исплатена нето-плата во мај годинава достигна 45 796 денари, што претставува пораст од 11 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во одредени сектори. Најголем пораст е забележан во „Финансиски дејности и дејности на осигурување“ со 23,9 %, потоа во „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ со 15,1 % и во „Образование“ со 14,4 %.

Во споредба со претходниот месец, пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е евидентиран во следните области: „Финансиски дејности и дејности на осигурување“ со 13,5 %, „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ со 5,4 % и „Рударство и вадење на камен“ со 5,1 %.

Во мај 2025 година, просечната бруто-плата по вработен изнесуваше 68 859 денари.