Почетна Убавина и здравјеОвие намирници ги уништуваат! – Убавина и здравје

Овие намирници ги уништуваат! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Познатите онколози Андреа Церсек и Пол Оберштајн советуваат што да одбегнувате, а што да јадете секој ден за да го намалите ризикот од рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево е сè почест, а докторите специјализирани за оваа област истакнуваат дека исхраната игра клучна улога за неговата превенција. Двајца американски експерти, доктор Пол Оберштајн од Њујоршкиот универзитет и д-р Андреа Церсек од познатата болница „Слоан Кетеринг“ во Њујорк, откриваат кои намирници ги одбегнуваат во секојдневниот живот.

ХРАНА ШТО ЈА ОДБЕГНУВААТ

Црвено месо и преработено месо

Доктор Андреа Церсек нагласува:

„Црвеното месо, особено ако е преработено (колбаси, сувомеснато), го зголемува ризикот од рак на дебелото црево. Предизвикува оштетувања на ДНК и доведува до создавање канцерогени супстанции при варењето.“

Газирани и засладени пијалаци

„Внесувањето голема количина на шеќер ги забрзува воспалителните процесите во телото и го нарушува здравиот микробиом во цревата“, предупредува доктор Пол Оберштајн.

Тој додава дека консумацијата газирани пијалаци може да доведе до дебелеење, што дополнително го зголемува ризикот.

Ултрапреработена храна

Храната како грицки, инстант-тестенини, пакувани колачи и виршли, содржи адитиви и конзерванси кои имаат штетно влијание врз цревниот тракт.

„Тука не зборуваме само за празни калории, туку и за зголемен ризик од карцином“, истакнуваат експертите.


Поврзани објави

ХРАНА ШТО ЈА ЈАДАТ СЕКОЈ ДЕН

Зеленчук богат со влакна

Брокулите, прокељот, кељот и морковот се богати со влакна и помагаат за исфрлање на токсините, но и го поттикнуваат здравото варење.

„Најмалку 30 г влакна дневно е идеално“, вели доктор Оберштајн.

Интегрални житарки

Зобените снегулки, кафениот ориз и киноата се дел од нивната секојдневна исхрана, бидејќи се богати со влакна и магнезиум, кои ја штитат слузокожата на дебелото црево.

Кафе без шеќер

Доктор Церсек истакнува дека се покажало дека кафето може да има и заштитен  ефект:

„Истражувањата покажуваат дека само две шолји кафе дневно можат да го намалат ризикот од рецидив кај пациентите што преживеале рак на дебелото црево.“

КЛУЧНИ ПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

  • Одбегнувајте преработено месо и газирани сокови
  • Јадете повеќе влакна од цели намирници
  • Пијте црно кафе, но без шеќер
  • Одржувајте здрава телесна тежина

Иако генетиката има удел, животниот стил и исхраната можат драматично да го намалат ризикот од рак. Онколозите како доктор Церсек и доктор Оберштајн се водат по сопствените совети – одбегнуваат ризични намирници и одбираат храна што ги зајакнува имунитетот и цревната флора.