Почетна Убавина и здравјеОткако целиот свет го виде како ја изневерува сопругата на концерт на Колдплеј, генералниот директор направил уште пошокантен потег!

Откако целиот свет го виде како ја изневерува сопругата на концерт на Колдплеј, генералниот директор направил уште пошокантен потег!

од nenad
2 минути читај за

Компанијата вредна милијарда долари ја објавила оставката на генералниот директор Енди Бајрон во соопштение во саботата

Енди Бајрон (50), кој беше снимен на концертот на групата Колдплеј како ја прегрнува шефицата на човечки ресурси во компанијата, Кристин Кабот, поднел оставка откако во петокот бил пуштен на отсуство. Имено, генералниот директор на групацијата „Астрономер“, среде истрагата за скандалот, одлучил комплетно да се повлече од јавниот живот за да се обиде да смисли план за враќање на угледот и репутацијата, но и за да ги заштити децата колку што е тоа возможно.

Компанијата вредна милијарда долари ја објавила оставката на генералниот директор во соопштение во саботата.

Го прекршил кодексот на компанијата

„Како што и претходно беше кажано, ‘Астрономер’ е посветен на вредностите и културата што нѐ водат уште од основањето. Од нашите лидери се очекува да постават стандарди и во однесувањето и во одговорноста, а неодамна, тој стандард беше прекршен“, пишува во соопштението во кое, меѓу другото, пишува и:

„Енди Бајрон поднесе оставка, а управниот одбор ја прифати.“

Енди Бајрон со сопругата и двајцата синови

Коосновачот и главниот директор на производство, Пит Деџој, ќе остане на функцијата привремен извршен директор.

„Иако свеста за нашата компанија можеби се промени прекуноќ, нашиот производ и нашата работа за клиентите не се променија. Продолжуваме да го правиме тоа што најдобро го правиме: им помагаме на нашите најнови клиенти околу нивните најтешки проблеми со податоци и вештачка интелигенција.“

Бајрон и Кабот уживале во концертот на групата Колдплеј, без да претпостават дека таа ноќ ќе им ги промени животите од корен, но не на подобро.


Поврзани објави

Љубовниците веднаш бегаат од камерите откако ќе сфатат дека лицата им се на големиот екран. Двојката стана озлогласена од моментот кога стана вирална.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб
Шегата на пејачот дополнително ги влошила работите

За да биде ситуацијата уште посмешна, фронтменот на групата Колдплеј, Крис Мартин, се пошегувал на нивна сметка откако ја видел нивната реакција на големото платно.

„О, погледнете ги овие двајца! Што? Или имаат афера или само се многу срамежливи“, ѝ кажал Мартин на публиката.

Кристин Кабот со сопругот

Кристин Кабот и понатаму е омажена за Ендру Кабот, извршен директор на компанијата Privateer Rum, произведувач на алкохолни пијалаци со седиште во Масачусетс.

Според јавно достапните информации, и Бајрон и Кабот се венчани, но не живеат на исти адреси со брачните партнери.

ФОТО: Јутјуб, Фејсбук