Почетна Убавина и здравјеЌе го прочистите само ако се храните ВАКА! – Убавина и здравје

Ќе го прочистите само ако се храните ВАКА! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Главните симптоми на замастен црн дроб може да бидат подмолни

Замастениот црн дроб е тивка болест. Во првата фаза нема никакви симптоми и ништо не боли. Кога ќе прејде во посериозна фаза, може да премине во цироза, и тогаш состојбата е сериозна, бидејќи смртноста во светот поради проблеми со црниот дроб е голема.

Замастениот црн дроб најчесто настанува од вишок килограми, кај луѓе кои имаат дијабетес, кај алкохоличари, кај оние што пијат многу лекови, кај оние што имале хепатитис Ц или други вируси, кај зголемени бактерии во цревата… Се појавува и кај оние што пијат многу кафе и консумираат многу шеќер.

„Замастен црн дроб настанува кога маснотиите ќе надминат 5 отсто. Масниот црн дроб е одговор на организмот на нашето неодговорно однесување кон самите себе. На тој начин црниот дроб се брани од неправилната исхрана, од внесувањето многу пестициди, од пиењето алкохол… Тој се брани така што произведува маснотии за да се заштити.“

Симптоми во подоцна фаза


Поврзани објави

Кога веќе ќе премине во посериозна фаза, се појавуваат болки во црниот дроб, зголемен црн дроб, болки под десните ребра, потоа јадеж, жолтило на лицето, кожата, а кај потешки случаи се појавува вртоглавица и губење на разумот.

Правилната исхрана како најсоодветна терапија

Најсоодветната терапија за замастен црн дроб е правилната исхрана. Треба да внесувате многу влакна, да не јадете пржена храна, да не јадете похувана храна, да одбегнувате трансмасти, да јадете многу јаткасти производи, да јадете лен, овошје и свеж зеленчук. Тоа е рецептот за прочистување на црниот дроб. Црниот дроб се прочистува долго и трпеливо, тоа е единствената терапија, советуваат експертите.

ФОТО: julien Tromeur / Unsplash