17/07/2025 14:05
ЛОКАЛНО, ФИНАНСИИ
На свечената церемонија за потпишување на договорите присуствуваше и градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.
„Денес сум особено радосен за едно постигнување што му се припишува на трудот и посветеноста на еден тим – како што е нашиот! Имам задоволство да ја споделам со вас оваа прекрасна вест дека по аплицирањето успеавме да добиеме дури 49 проекти од унгарскиот кредит! Ова е доказ за чесна и истрајна работа, како што беше и подготовката на стотици точни документи, исполнети пред сè со иновативни идеи што ќе му служат на нашиот град. Исто така им се заблагодарувам и на Владата која покажа подготвеност и коректност. Честитки и успешна работа“, изјави Лимани.
Станува збор за проекти кои се однесуваат на инфраструктурата, како канализација и асфалтирање, како и спортски проекти и игралишта за деца.