За овие два хорорскопски знака се вели дека се лоши во кревет: делуваат ладно и незаинтересирано
Постојат многу стереотипи кога станува збор за хороскопот, но некои знаци особено често се на удар кога се зборува за страста и сексуалната енергија. Иако секое искуство е индивидуално, астрологијата знае да биде сурова кога опишува одредени особини на знаците – па така и тие во спалната соба. За овие два знака честопати се вели дека се ладни, неодлучно и дека страста ја доживуваат повеќе како обврска отколку како уживање.
Рак – нежен, но премногу пасивен
Раковите се познати по емотивноста, топлината и потребата за поврзување, но може да се каже дека им недостасува страст. Ним им е важно да постои длабока емотивна врска, но честопати им изостанува страсноста во класична смисла на зборот. Во спалната соба обично се тивки, срамежливи и повеќе се фокусираат на чувствата отколку на желбата, што партнерите понекогаш го толкуваат како недостиг од страст. За некои ова се квалитети, но други ги доживуваат како – здодевни.
Поврзани објави
Водолија – повеќе во главата одошто во телото
Водолиите се познати по интелектуалноста, оригиналноста и дистанцата. Нивниот ум секогаш е активен, а телото понекогаш чека на ред. Иако знаат да бидат отворени за експериментирање, честопати делуваат ладно или незаинтересирано. Нивната потреба за слобода може да остави впечаток дека не се грижат за потребите на партнерот, а недостигот од емотивна топлина и инстинктивна страст може да направи да изгледаат рамнодушно. За многумина, водолијата е загатка без многу оган.
Секако, за вкусови не се дискутира, но ако ги прашате астролозите кои знаци важат за ладни во кревет, ракот и водолијата сигурно ќе се најдат на врвот на таа листа.