Почетна Убавина и здравјеСараевската старлета Зерина Хеќо заврши на психијатрија – Убавина и здравје

Сараевската старлета Зерина Хеќо заврши на психијатрија – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“, Зерина Хеќо, пред неколку дена беше хоспитализирана и однесена во Психијатриската клиника во придружба на полицијата.

На 9 мај, Зерина дошла во итната помош видливо вознемирена, напната и изгубена. За време на прегледот, таа се пожалила на болки во стомакот и тврдела дека доживеала мозочен удар.

 

Лекарите веднаш ја упатиле на понатамошно лекување, а транспортот го обезбедила полицијата. После тоа, Зерина ги шокирала следбениците со видео на социјалните мрежи, во кое тврди дека ја изгубила способноста за говор поради мозочнопт удар.

– Имав мозочен удар, во моментов не можам да зборувам, ниту пак можам да ја користам едната рака – напишала на лист и им го покажала на своите следбеници.

 

Зерина Хеќо, пред да стане позната во јавноста, се борела со тумор и имала три големи операции, а ја шокираше нацијата кога се ишиша ќелава пред камерите во реалното шоу „Задруга“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин