Почетна СветMасовни блокади од утрово на улици низ Србија

Mасовни блокади од утрово на улици низ Србија

од nenad
1 минути читај за

Во речиси сите српски градови, како и во главниот град Белград од утрово се поставуваат блокади. Студентите ги повикаа најголемите градови Белград, Нови Сад и Ниш целосно да сопрат денеска. Реагираше и Министерството за внатрешни работи и јави дека блокадите се незаконски, и најави преземање на сите мерки за да се заштити јавниот ред и мир.

Блокади се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови. Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрани блокадите, а на улиците има силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека и со фантомки.

„Полицијата ги приведува граѓаните за преминување на улицата, но повеќе нема да можат да го прават тоа“, рече граѓанин, еден од учесниците во блокадите.

Во Ниш, жена се обиде да ја пробие блокадата со својот автомобил, но полицијата ја запре. Граѓаните во Ниш блокираат раскрсници со преминување на пешачки премини и со тоа го забавуваат сообраќајот, со присуство на полициска придружба.

Блокадите во Србија траат веќе пет дена, како реакција на апсења на демонстранти. Полицијата соопшти дека вчера биле преведени 79 лица.


Post Views: 24

Извор : vesnik-ilinden.com

Mасовни блокади од утрово на улици низ Србија