Снимката од нивната средба стана вирална – јавноста не престанува да коментира.
На социјалните мрежи се прошири снимка од средбата меѓу мајката на познатиот изведувач Михајло Верувовиќ Војаж, Жана Верувовиќ, и контроверзниот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе. Сцената која се случи на Music Week фестивалот насмеа илјадници, а истовремено предизвика бројни реакции.
Иако долго време имаше конфликт меѓу Војаж и Бака Прасе, очигледно нивните односи се подобрени, бидејќи Бака Прасе присуствуваше на настапот на младата музичка ѕвезда. Меѓутоа, најголемото внимание го привлече моментот кога Жана Верувовиќ му пријде на јутјуберот.
Да ти удрам шамар или да ти простам?“, го праша Жана низ насмевка, на што Бака Прасе веднаш одговори: „Прости ми, мајко, јас сум виновен“, видно засрамен и поцрвенет.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Инаку, во последно време Бака Прасе повторно е во центарот на скандали, откако инфлуенсерката Ања Бла го обвини за вознемирување и уцени, што дополнително ја раздвижи јавноста околу неговото име.
printskrin Youtube-balkan info baka prase