Почетна Убавина и здравјеЈелена Ѓоковиќ во елегантна црна креација го засени отворањето на турнирот – Убавина и здравје

Јелена Ѓоковиќ во елегантна црна креација го засени отворањето на турнирот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, покрај вниманието на спортската јавност, секогаш ги привлекува и погледите на модните ентузијасти. Додека играчите мора строго да се придржуваат до правилото за носење бела облека, модната слобода на трибините остава простор за креативност и стилска експресија.

Овојпат, токму Јелена Ѓоковиќ, сопругата на легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ, предизвика бура на социјалните мрежи и во модните кругови со својот смел избор на стајлинг.

Дамата во црно на зелениот терен

За првиот меч на Новак на годинешниот Вимблдон, Јелена се одлучи за црн летен фустан со потпис на шпанскиот бренд Charo Ruiz Ibiza, познат по своите бохо-шик и женствени дизајни. Моделот наречен „Spiana“, вреден околу 58.300 денари, е еден од најбараните во понудата на брендот и претставува совршена рамнотежа меѓу софистицираност и лежерност.


Поврзани објави

Луксуз до последен детаљ

Овој префинет стајлинг беше заокружен со внимателно одбран накит. Особено внимание привлече нејзиниот рачен часовник – Audemars Piguet Royal Oak Offshore во изработка од розово злато, инкрустиран со 32 дијаманти, како и елегантна алка, дискретно ланче со приврзок и деликатни обетки. Балансот помеѓу едноставноста на облеката и раскошот на модните додатоци создаде впечатлив, но беспрекорно стилски ефект.

На еден од најгледаните спортски настани во светот, Јелена Ѓоковиќ повторно потврди дека знае како да изгледа беспрекорно – без разлика дали е на гала-настан или на трибини, нејзиниот стил секогаш остава впечаток.