Почетна ЕкономијаМЗ: Значајни здравствени инвестиции – нова болница во Кичево, проширување во Штип и Тетово и дигитализација

МЗ: Значајни здравствени инвестиции – нова болница во Кичево, проширување во Штип и Тетово и дигитализација

од nenad
2 минути читај за

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, ја одобри информацијата за потребната сеопфатна реновирање и надградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и вложувања во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, известија попладнево од Министерството за здравство.

“Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница – Кичево, Министерството предлага изградба на целосно нова болница на нова локација.” Новиот објект ќе биде замислен како регионален здравствен центар, кој ќе им служи на жителите на Кичево, Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар, се објаснува во соопштението.

Проектот за Штип вклучува дооформување на постоечкиот објект, кој е во напредна фаза на градба, како и проширување со нов објект за Медицински факултет, катна гаража и средување на инфраструктурата според современи болнички мерила. Објектот бил проценет како технички и архитектонски соодветен за докомплетирање и ставање во функција.

“Со цел Клиничката болница во Тетово навистина да прерасне во регионален и функционален здравствен центар, Министерството предлага изградба на два нови објекти за специфични дијагностички и терапевтски услуги, како целосна реконструкција и модернизација на постојните павилјони, за подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар,” се додава во соопштението.

Министерството го претставило и националниот план за дигитализација на здравството, со цел креирање поефикасен, потранспарентен и поврзан здравствен систем, кој ќе биде во согласност со европските норми. “Клучните иницијативи опфаќаат воведување електронско здравствено досие (ЕЗД), национален eHealth HUB, е-рецепти, е-упати, дигитализација на јавните набавки и телемедицина.”

“Овие иницијативи се насочени кон системска трансформација што ќе обезбеди побрз, поконтролиран и поинклузивен здравствен систем во корист на пациентите и здравствените работници,” се додава во соопштението.

На предлог на Министерството за здравство била усвоена и информација со што се воспоставува нова институционална соработка со ЈП „Градски паркинг – Скопје“, со цел целосно реновирање, хортикултурно уредување и дигитализација на паркинг-просторот во Клиничкиот центар. “Проектот предвидува уредување со зеленило, LED осветлување и категоризација на паркинг-местата, како и воведување паметен систем со сензори, камери, мобилна апликација и автоматско управување, во согласност со највисоките светски стандарди за функционалност и ефикасност,” истакнуваат од Министерството за здравство.