Водителката преку детските фотографии ја покажа љубовта и болката по татко ѝ, Миодраг Јеремиќ, кој неодамна почина.
Јована Јеремиќ објави фотографии од детството на кои е со својот татко, Миодраг Јеремиќ, кој почина неодамна. Преку овие фотографии, таа потсетува колку е важно да се чуваат спомените и љубовта кон оние што сме ги изгубиле.
На Инстаграм, Јована сподели моменти од детството на кои таа изгледа многу поинаку, а покрај неа се нејзиниот татко и мајка.
Татко мој, те сакам и бескрајно ми недостасуваш“, напиша таа покрај една од фотографиите, предизвикувајќи солзи кај нејзините следбеници.
Поврзани објави
Водителката повеќе пати истакнуваше колку нејзината врска со татко ѝ била посебна и нераскинлива. Неговата смрт остави празнина која ништо не може да ја пополни.
Сепак, во овој тежок период, Јована покажа неверојатна сила и храброст и ги извршуваше сите професионални обврски како вистински професионалец, па јавноста не можеше ни да претпостави со каква болка се соочува, сè додека не објави потресна фотографија од неговата погребна церемонија.
printskrin Youtube-pink.rs