Почетна Убавина и здравје„Вкусот не може да се купи со пари!“ – Убавина и здравје

„Вкусот не може да се купи со пари!“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Светскиот џет-сет моментално е во Венеција, на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез која со право го носи епитетот „венчавка на деценијата“

Неодамна, поканата за венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез се појави онлајн и сите го делат истото мислење!

Светскиот џет-сет моментално е во Венеција, на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез која со право го носи епитетот „венчавка на деценијата“, а сега се дозна и како изгледа поканата што ја добиле.

На неа пишува:

„Возбудени сме што ќе ни се придружите! Имаме само едно барање: ве молиме, без подароци. Наместо тоа, ние даваме придонес во ваша чест и од благодарност што допатувавте за да славите со нас во Венеција.

Во ваше име се направени донации за UNESCO Venice Office за заштита на незаменливото културно наследство на градот, за CORILA за обнова на виталните крајбрежни живеалишта од кои зависи иднината на Венеција и за Меѓународниот Универзитет во Венеција за поддршка на истражувања и едукација за одржливи решенија.

Ова магично место ни има подарено незаборавни спомени. Се надеваме дека со нашите напори и со тоа што ќе ни се придружите, Венеција ќе продолжи да ги инспирира и воодушевува идните генерации.“


Поврзани објави

Но луѓето немаат проблем со напишаното во поканата, туку со нејзиниот дизајн.

„Оваа покана е гордо спонзорирана од Microsoft Paint – се гледа дека е направена без никаков надзор“, пишуваат онлајн.

„Вкусот не може да се купи со пари. Оваа покана била направена на апликацијата Canva за време на 11-минутното летање во ‘вселената’“, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Што мислите вие за поканата? Можеле ли да се потрудат повеќе околу дизајнот?

ФОТО: Инстаграм