Почетна Убавина и здравјеНејзе најмногу ѝ имаат згрешено! – Убавина и здравје

Нејзе најмногу ѝ имаат згрешено! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Лорен Санчез ќе смени 17 венчаници, Џеф ќе вложи милиони во свадбата, ќе имаат многу гости, а само една жена не смееле да ја поканат…

Целиот свет заинтересирано ги следи подготовките за свадбата на деценијата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Се знае дека ќе  присуствуваат сите важни личности, па прашањето сега е кој нема да дојде на свадбата на Лорен и Џеф Безос?

Пред да го улови Џеф Безос, Лорен (55) имала неколку бурни романси кои кулминирале со развод, прељуба, скандали и три неуспешни свршувачки.

Се верува дека токму тие бивши нема да присуствуваат на нејзината гала-венчавка, освен можеби фудбалерот Тони Гонзалес, кој останал во одлични односи со Лорен, па дури и бил на неколку летувања со неа и Џеф.

Од друга страна, Џеф Безос 25 години бил само со една жена – Мекензи Скот.

Дента откако ја објавил веста за разводот од Мекензи, странските медиуми објавиле шокантна приказна – Џеф и Лорен биле вплеткани во осуммесечна афера додека и двајцата биле во брак.

Како Џеф ја запознал Мекензи?

Џеф и Мекензи се запознале во 1992 година кога и двајцата работеле во инвестициската фирма D.E. Shaw & Co. во Њујорк.

„Мојата канцеларија беше до неговата и по цели денови ја слушав таа прекрасна насмевка. Како да не се вљубиш во таа насмевка“, изјавила таа за „Вог“.

Нештата се одвивале прилично брзо. Се свршиле три месеца по првиот состанок, а се венчале три месеца подоцна.


Поврзани објави

Откако се венчале во 1993 година, двајцата дале отказ и се преселиле во Сиетл, Вашингтон, за да може Џеф да започне со „Амазон“.

Мекензи била покрај него додека неговата онлајн-книжарница се трансформирала во огромна компанија вредна повеќе милијарди долари.
Низ годините добиле тројца синови и посвоиле ќерка од Кина.

Но на почетокот од 2019 година, она што изгледало како совршен брак било потполно срушено, кога аферата на Џеф и Лорен излегла на виделина.

Во тоа време се ширеле приказни дека Лорен и Џеф имале осуммесечна тајна романса, за време на која тој ја водел својата љубовница на егзотични дестинации со својот приватен авион од 65 милиони долари, ѝ испраќал непристојни пораки и еротски фотографии и имале тајни состаноци на раскошни приватни имоти.

Дента пред да се објават овие информации, Џеф и Мекензи објавиле дека се разведуваат по 25 години брак.

По разводот, Мекензи станала најбогатата жена на земјата, се премажила за наставник по природни науки, но се развеле 2 години подоцна.

Мекензи го насочила своето богатство кон хуманитарни цели и се труди да живее повлечено, далеку од светлината на рефлекторите.

Се верува дека таа е единствената богаташка која нема да присуствува на свадбата на векот, како што ја нарекуваат венчавката на Џеф и Лорен.

ФОТО: ИНСТАГРАМ