Почетна ТехнологијаОва е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

Ова е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

од nenad
1 минути читај за




Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со жестоки реакции за протекувањето на информации за воздушните напади на САД врз Иран. Специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф за „Фокс њуз“ изјави дека станува збор за предавнички чин.„Тоа е срамота, тоа е предавство и мора да се истражи. Кој и да е одговорен за тоа, мора да одговара“, рече Виткоф.
Тој додаде дека ги прочитал сите извештаи за проценките на штета и заклучил дека „нема никаков сомнеж“ дека сите три ирански нуклеарни постројки кои беа погодени во американскиот напад се уништени.