Почетна Убавина и здравјеСе ослободил од пороците кога се развел од фаталната актерка – Убавина и здравје

Се ослободил од пороците кога се развел од фаталната актерка – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Секоја жена барем еднаш се вљубила во Бред Пит, но него не го следела среќа во љубовта, а еве како успеал да се извлече од канџите на алкохолот и наркотиците

Актерот Бред Пит, познатиот холивудски заводник, конечно проговорил за својот развод од Анџелина Џоли, но и за бурниот период низ кој поминал како зависник од наркотици, па зборувал и за своето искуство со алкохолизмот и процесот на закрепнување, истакнувајќи колку му помогнала заедницата на Анонимни алкохоличари да пронајде поддршка и разбирање.

Особено го пофалил колегата Дакс Шепард, кого го опишал како духовит и искусен член на групата, некој што знаел да ја опушти атмосферата.

Пит признал дека растењето во американскиот Среден запад му го обликувало поимањето на мажественоста – не се покажувале емоции и ранливост и секогаш се велело дека сè е во ред и кога не било. Затоа, искреноста и отвореноста во групата му дејствувале ослободувачки. И претходно, во 2019 година, има истакнато дека АА за него било простор без осуди, каде што можел да престане да се критикува себеси.


Поврзани објави

Славниот актер и претходно бил искрен за борбата со зависностите – покрај алкохолот, открил дека еден период бегал од реалноста со помош на марихуана, особено за време на најинтензивните години од славата во 1990-тите. Тогаш се повлекол во себе и претерувал со консумацијата.

Клучниот пресврт се случил по крајот на неговата врска со Анџелина Џоли, со која поминал низ повеќегодишен и комплициран процес на развод и борба за старателство над нивните шест деца. Иако се разделиле во 2016 година, разводот бил финализиран дури во 2024.

Пит особено му е благодарен и на колегата Бредли Купер, кој му бил голема поддршка во најтешките моменти. На еден настан од 2020 година јавно му се заблагодарил, велејќи дека оттогаш деновите му станале значително поисполнети и посреќни.

ФОТО: ИНСТАГРАМ