Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денес до 23 јуни ќе реализира службена посета на Црна Гора, каде што ќе земе учество на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.
Во текот на состанокот, нашата земја, преку Министерството за финансии, за првпат ќе го преземе претседателството со ЦЕФ од Министерството за финансии на Црна Гора. „Претседавањето ќе трае во наредниот едногодишен период.“
За време на престојот, министерката Димитриеска-Кочоска ќе оствари средба и со министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, при што ќе се дискутира за интензивирање на билатералната соработка во сферата на јавните финансии.
ЦЕФ е регионална организација која пружа асистенција за унапредување на капацитетите во менаџирање со јавните финансии, даночната политика и администрација, како и централното банкарство преку курсеви, семинари и програми со практична имплементација. Македонија има долгогодишна соработка со оваа институција, посебно во склоп на Академијата за јавни финансии, преку која ефикасно се спроведуваат програми за едукација и надградба на јавниот сектор.