Ако секоја вечер се будите поради овој симптом, кардиолозите советуваат итно да одите на доктор
Кашлицата обично се поврзува со настинка, респираторна инфекција или алергии, но ретко кој помислува дека зад неа може да се крие многу посериозен проблем. Кардиолозите предупредуваат дека овој, навидум, безопасен симптом, може да биде сигнал за срцева слабост.
Сува кашлица навечер – кога треба да се загрижите?
Кашлицата може да биде показател на кардиоваскуларни болести и е еден од почестите симптоми на срцева слабост. Во тој случај, најчесто се појавува при лежење.
Поврзани објави
„Тогаш срцето не работи во својот оптимум и првиот знак дека нешто не е како што треба е сувата кашлица, која го буди пациентот да стане и седне“, објаснуваат докторите.
Овој симптом настанува поради застој на белите дробови и неспособноста на срцето да ја исфрли сета количина на крв од белите дробови, што доведува до зголемување на притисокот во белите дробови.
„Кашлицата е знак на влошување на болеста и симптом што секој пациент би требало да го сфати сериозно“, нагласуваат докторите.
Пораката секогаш е иста, слушајте го своето тело. Секоја промена е важна. Ако забележите необична, сува кашлица, особено навечер, немојте да ја игнорирате. Вашето срце е драгоцени и го заслужува сето ваше внимание. Превенцијата и навремената реакција се клучни за долг и здрав живот.