Почетна Убавина и здравјеДобро е да знаете! – Убавина и здравје

Добро е да знаете! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Докторите објаснуваат кога е најдоброто време за првиот интимен однос, но и што се случува кога личност над 50 години нема редовен секс

Интимните односи и понатаму се табу-тема, но постојат доктори што се залагаат да ги дадат потребната едукација и одговори и на најскокотливите прашања.

Младите денес многу рано започнуваат со интимни односи, додека многумина се прашуваат кога е вистинското време за тоа.

„Не треба да се брза. Околу 17, 18 години е горната граница. Полнолетството самото ни кажува дека би требало да се размислува за тоа. Имав пациент кој имаше 30 и нешто години, никогаш немал девојка и никогаш немал сексуален контакт. Тука треба да се вклучи стручњак, да помогне. Самата проблематика зависи од функцијата на целото тело, тука се вклучени хормоните, мозокот, крвните садови… На таквиот пациент му треба разговор, лекување од сите специјалности – ендокринолог, психолог и уролог“, објаснуваат докторите.

„Порнографијата лошо влијае врз потентноста, бидејќи мажите гледаат супермени кои можат да постигнат сè, а тоа е многу тешко. Со самото тоа се плашат да стапат во тој контакт. Затоа, тука се експертите и психолозите да им објаснат.

Важна е нормалната сексуална комуникација. Прво, да почнеме од големината. Нормалната просечна големина на пенисот би била 13 до 14 см во ерекција. Тоа е сосема доволна големина за да ја задоволи партнерката, ако постои емотивна поврзаност и љубов. Просечната вагина е со 9 до 8 см длабочина, но кога е возбудена, може релативно лесно да се развлече и до 13-14 см. Би требало да се воведе едукација во училиштата на темава, а би требало да се вклучат и родителите.“

„Бројот на сексуални односи е многу индивидуална работа, некому му требаат повеќе некому помалку. Ако сексуалниот однос е успешен, бројот на односи е безначаен. Успешниот однос подразбира и двајцата партнери да бидат задоволени. Пет отсто одените никогаш не доживуваат оргазам, но и за тоа постои лекување.“

Што се однесува до сексуалните односи во зрелите годините, докторите истакнуваат дека тоа исто така може да има одредени придобивки за здравјето.


Поврзани објави

„Прво, баба и дедо не можат да се сакаат сексуално како некогаш Маж на 50-60 години е сериозно загрозен што се однесува до тестостеронот, тој е во една сериозна андропауза. Тоа може да го компензира со соодветна примена на тестостерон. Тестостеронот влијае врз сите органи на машкиот организам – на мозокот, на клетките, на крвните садови, на простатата, го намалува ризикот од појава на карцином на простатата, ја намалува депресијата, влијае врз мозокот и позитивно влијае врз мускулите…“

Придобивки од сексуалните односи:
  • Подобра психичка состојба.
  • Позитивно влијание врз кардиоваскуларниот систем.
  • Одржување на хормонскиот баланс.
  • Одржување на здравјето на гениталните органи.

ФОТО: Womanizer Toys / Unsplash