Почетна Убавина и здравјеБеше симбол на убавината и женственоста – денес со солзи ја проколнува судбината

Беше симбол на убавината и женственоста – денес со солзи ја проколнува судбината

од nenad
1 минути читај за



Познатата актерка претрпе трагедија по трагедија, а последната вест ја скрши целосно.

Актерката Кристина Еплгејт (53) веќе подолг период се соочува со мултиплекс склероза и сериозни здравствени проблеми. Иако со години храбро ја води својата борба и отворено говори за болеста, најновиот удар – болеста на нејзината ќерка – ја погоди многу тешко.

Нејзината 14-годишна ќерка, Сејди Грејс Еплгејт Ленобл, неодамна доби дијагноза за POTS – синдром на постурална ортостатска тахикардија, нарушување на автономниот нервен систем што влијае врз работата на срцето.


Поврзани објави

Кога станувам, ми се врти во главата, ми се одземаат нозете и чувствувам дека ќе се онесвестам“, изјави Сејди во поткастот „MeSsy“, каде што гостуваше заедно со мајка си.

Кристина, која во 2008 година се бореше со рак на дојка и подоцна изврши масектомија на двете дојки, неодамна објави дека има 30 лезии на мозокот.

Искрено, повеќе не уживам во животот. Единствено што ми годи е кога некој ќе дојде и разговара со мене. Но, да станам, да шетам или да одам на кафе – не, не можам да уживам во тоа“, изјави таа искрено.