Почетна ЕкономијаДоговор за финансирање на заеднички активности: Владата и донаторите заедно ќе ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

Договор за финансирање на заеднички активности: Владата и донаторите заедно ќе ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

од nenad
1 минути читај за

Денес, Министерството за финансии, во соработка со Канцеларијата на ООН во Скопје, го претстави Договорот за финансирање на заеднички активности.

Еден од основните заклучоци на настанот беше потребата од редовна комуникација помеѓу донаторите во државата, со цел да се избегне дуплирање на финансирањето на идентични проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска, истакна дека приоритетните проекти за граѓаните треба заеднички да бидат дефинирани од страна на Владата и амбасадите присутни во земјата.

“Поради тоа што нема централизирана координација меѓу институциите и амбасадите се случува исти проекти или во многу слична форма да се повторуваат што значи дека се трошат парите на граѓаните во странските земји за да поддржат некој проект кај нас кој треба да даде одлични резултати, но со поклопување на проектите и недобивање доволно информации, не се постигнуваат позитивни ефекти какви што очекуваме,” изјави министерката за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска.

На настанот присуствуваше и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.