Почетна СветПремиерот Христијан Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

Секојдевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата“, рече Мицкоски.

Извор: ТВ21


Post Views: 24

Извор : vesnik-ilinden.com

Премиерот Христијан Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел (ВИДЕО)