Ваквите верувања сè уште владеат во многу села…
Според народните верувања, постојат правила што мора да се почитуваат по полноќ.
Во Македонија, старите верувања сè уште се раскажуваат од колено на колено. Едно од нив гласи дека по полноќ не смее да се излегува од домот, освен ако не мора, бидејќи тогаш владеат лошите сили.
Друго верување предупредува да не се свири, пее гласно или смее по полноќ, за да не се вознемират духовите. Луѓето веруваат дека звуците можат да ги повикаат, а потоа тие да донесат несреќа.
Поврзани објави
Не смее да се гледа ниту во огледалото по полноќ, бидејќи лицето што ќе се појави можеби не ќе биде твојот лик, туку лик на покојната душа. Ваквите верувања сè уште владеат во многу села.
Без разлика дали веруваат или не, старите сметаат дека овие правила помагаат да се избегне лоша среќа и да владее мир во домот. Ретко кој смее да ги прекрши, од почит кон традицијата.
printskrin Youtube-tomis produkcija