Почетна Убавина и здравјеДали ова е модниот дуел на векот? Брижит Макрон се појавила во фантастично издание на дипломатски настан кај принцезата

Дали ова е модниот дуел на векот? Брижит Макрон се појавила во фантастично издание на дипломатски настан кај принцезата

од nenad
2 минути читај за

Брижит Макрон и принцезата Шарлин се појавиле заедно на настанот „Безбедност на вода“ – две дами, различни стилови, заедничка порака

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, и принцезата Шарлин од Монако присуствувале на настанот „Безбедност на вода“ кој се одржал во Наутичкиот центар Алберт Втори во Монако. Станува збор за иницијатива која ја организирала Фондацијата на принцезата Шарлин, со цел да се подигне свеста за безбедноста на вода и важноста на едукацијата, особено меѓу децата и младите.

За оваа пригода и двете дами одбрале елегантни, но удобни модни комбинации, соодветни не само за настанот, туку и за летниот амбиент. Интересно е тоа што и покрај нивните комплетно различни стилови, и двете носеле обувки со рамен ѓон, што е практичен избор за настани од ваков тип. Сепак, токму тие обувки предизвикале различни реакции кај јавноста.

Летната елеганција на принцезата Шарлин

Принцезата Шарлин се појавила во фустан на швајцарската модна куќа „Акрис“, кој зрачи со едноставна префинетост. Станува збор за модел без ракави, со црно-бели линии. Горниот дел на фустанот ја следи линијата на телото, додека долниот се шири во здолниште со А-крој, со должина до средината на листовите. Материјалот со прозрачна структура дополнително ја нагласува лесната, летна нота на ова модно парче.

Стајлингот го надополнила со лакирани крем балетанки со златно копче, кои дополнително го истакнале нејзиниот ненаметлив, но секогаш беспрекорно стилизиран изглед.


Поврзани објави

Препознатливиот стил на Брижит Макрон

Брижит Макрон му останала доследна на својот класичен, но модерен стил. Одбрала костим во путер-жолта нијанса, една од водечките бои сезонава. Го комбинирала со едноставна бела кошула, додека наместо потпетици или чевли со полна пета, носела патики од брендот No Name во беж и бела комбинација – удобен и непретенциозен избор кој им се допаднал на многумина.

Елеганција на рамни ѓонови и политичка полемика

Иако нивните модни комбинации биле соодветни за пригодата, обувките на Брижит Макрон предизвикале негативни реакции од политичките кругови. Флоријан Филипот, лидер на партијата Француски патриоти, го критикувал нејзиниот избор на патики при државната посета на Монако, истакнувајќи го тоа на социјалната мрежа Х:

„Немаше ништо посоодветно од овие патики за државна посета, Брижит? А што е со француската елеганција?“, напишал Филипот, предизвикувајќи полемики меѓу следбениците.

Без оглед на коментарите, фотографиите од настанот покажуваат две дами кои самоуверено го носат својот стил – принцезата Шарлин во женствен, летен фустан и Брижит Макрон во ненаметлив, модерен костим – обете во обувки што ги спојуваат удобноста и функционалноста.

Нивното присуство уште еднаш ја потврдува важноста на примерот што јавните личности можат да го дадат – не само во поглед на стилот, туку и кога станува збор за општествено одговорни теми.

ФОТО: ИНСТАГРАМ