Почетна Убавина и здравјеЛепа Лукиќ го јаде ова јадење секој ден и затоа останува здрава, витална и младолика на 85 години (рецепт)

Лепа Лукиќ го јаде ова јадење секој ден и затоа останува здрава, витална и младолика на 85 години (рецепт)

од nenad
1 минути читај за

Фолк-легендата откри дека се чувствува одлично благодарение на едноставна дневна исхрана.

Фолк-ѕвездата Лепа Лукиќ, иако има 85 години, вели дека тајната на нејзината виталност е во едноставната и лесна исхрана. Секој ден јаде чорба од зеленчук – појадок, ручек или вечера – и се чувствува одлично.

Не сакам тешка и мрсна храна. Јадам супи, зеленчук, овошје… Лесно, варено, без пржење и без месо. Ако некогаш јадам нешто слатко, тоа се домашни колачи“, раскажува Лепа.


Поврзани објави

Најчесто си подготвува чорба од карфиол, брокула, целер, кељ и други зеленчуци, кои ѝ ги даваат потребните витамини и енергија. Јадењето со лажица, вели, ѝ е омилено и не ѝ здосадува никогаш.

Рецепт за лесна чорба од зеленчук по нејзин вкус:
Ситно сечкан кромид се пропржува на малку маслиново масло. Потоа се додаваат морков, пашканат, целер, компир и кељ, сè исечкано на коцки. Се налива вода и се вари додека не омекне. По желба може малку да се изблендира, а се служи со свеж магдонос, копар и малку кисела павлака.

printskrin Youtube-HYPE TV lepa lukic