Почетна Убавина и здравјеAрхитект и артист за трајна шминка – соработка која резултира во уникатен простор

Aрхитект и артист за трајна шминка – соработка која резултира во уникатен простор

од nenad
3 минути читај за

Во свет во кој што естетиката е длабоко важна, некои соработки се случуваат природно, органски и се вистинска инспирација. Како оваа помеѓу архитект и артист за трајна шминка.

Две жени – секоја експерт во својата област – ги здружија своите енергии за да создадат простор кој ја одразува и креативноста и функционалноста.

Данче Јовановска, артист за трајна шминка:

Дипломирав на факултет за моден дизајн, но веќе 13 години работам во областа на козметологијата. Иако на прв поглед изгледаат како различни професии, модниот дизајн и козметологијата се тесно поврзани преку креативноста, естетиката и вниманието за секој најмал детаљ. Моето образование ми овозможи да развијам силен сензибилитет за стил, боја и визуелна композиција, што секојдневно го применувам во мојата работа.

Откако завршив со студиите постојано се усовршував и вложував во своето знаење – имам над 40 сертификати од различни области во козметологијата, што е доказ за мојата посветеност и желба за професионален развој.

Низ годините учествував на многу меѓународни натпревари и освоив значајни награди, меѓу кои:

  • Прво и второ место на две различни категории на Nailympics во Италија, кој е во склоп на најпознатиот саем за козметика Cosmoprof.
  • Второ место на WULOP (World Universal League of Permanent Makeup) во категоријата за микроблејдинг.

Горда сум што мојата работа е препознаена на меѓународно ниво, и секојдневно се трудам да понудам квалитет, прецизност и креативност во сè што правам.

Визијата зад студиото

Просторот за вакви услугите кои таа ги нуди, треба да комуницира прецизно и директно со клиентот, да зрачи убавина но и удобност.

На овој предизвик Стефани Манева, нејзина долгогодишна пријателка и архитект-дизајнер во СФЕРА, иницира дека дизајнот на просторот треба да биде динамична соработка водена од заеднички вредности: естетика, внимание на детали и создавање на уникатна атмосфера.


Поврзани објави

Инаку, Стефани е архитект и основач на студио за дизајн, проектирање и изведба на ентериери СФЕРА веќе 7 години, со изграден препознатлив стил и големо портфолио кое сведочи за нејзината посветеност кон дизајнот како и многуте реализирани објекти од јавен и приватен карактер.

Нејзините главни карактеристики како архитект се:

  • баланс помеѓу естетиката и функцијата
  • флуидна комуникација со клиент/изведувач
  • целосно индивидуален пристап конклиентот и неговите барања на сметка на трендовите
  • изострен вкус за материјали, форми и бои

Предизвикот беше јасен:

Да се дизајнира студио кое зрачи елеганција, чистина и доза на мистичност. Ѕидовите се чисто бело платно, со француски мотиви од лајсни во органски текстури.

Влезната партија и просторот за чекање има wow фактор, сосема неочекуван но идеално вклопен преку меките форми, неутралните  тонови и неизбежното чувство на комфор.

Елегантниот луксуз и воздигнување на атмосферата се постигна со кристалните лустери, совршено осветлување во спокоен тон.

Масата за обуки во травертин текстура наспроти контрастот на црните столици  се главни актери во втората просторија и повикуваат на „истражување”.

Сакавме просторот да буди чувство на сигурност и доверба, да биде женствен и префинет, никако престимулирачки“, рече Стефани.

„Наспроти трендовите на сиров бетон, ладните атмосфери и индустриски мотиви“.

Ова студио е повеќе од само нов бизнис за убавина и уште еден дизајн на ентериери – тоа е прослава на две жени кои создадоа простор, кој преку нивните таленти буквално и фигуративно, доби уникатен изглед и беспрекорно ја извршува својата цел.

Текст и фото: ПР