11
04/06/2025 10:08
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО
Транспортот на регионалниот пат Струмица – Валандово е стопиран во обете насоки поради случена сообраќајна несреќа.
Според известувањето на АМСМ, циркулацијата на возила на државните патишта се одвива тековно, по суви коловози. Фреквенцијата на сообраќај на патиштата надвор од урбаните зони е со среден интензитет.
На граничните премини од наша страна нема поголеми задржувања при влез и излез од земјата. мд/ац/Фото: МИА архива
Извор: МИА