Нејзината кариера започнала уште во 2011 година со улогата Кадер во серијата „Бени Афет“, која имаше осум успешни сезони.
Ликот на Нурсема од популарната турска серија „Шербет од Брусница“ постојано е тема на разговор меѓу гледачите. Многумина се прашуваат дали овој лик ќе доживее трагичен крај во наредните епизоди, но засега официјални информации нема. Нурсема е млада жена од богато и конзервативно семејство, образована, но која не е вклучена во работниот живот, а нејзината приказна плени со драматични и емотивни моменти.
Актерката која ја игра Нурсема, Черен Каракоч, е родена на 17 август 1984 година во Анкара, Турција. Пораснала во Чанаккале, а актерско образование стекнала на Универзитетот „Онсекиз Март“ во Чанаккале на одделот за сценски и визуелни уметности. Нејзината кариера започнала уште во 2011 година со улогата Кадер во серијата „Бени Афет“, која имаше осум успешни сезони.
Поврзани објави
Во 2013 година, Черен се омажи за актерот Осман Каракоч, а од 2015 година својата актерска кариера ја продолжи и на театарските сцени, со претставата „Терапи Отеси“. Потоа следеа улоги во сериите „Марија иле Мустафа“ и „Акинџи“, а во 2019 година се пресели во Истанбул за да ги прошири своите професионални можности.
Од 2022 година, Черен го толкува ликот на Нурсема во серијата „Шербет од Брусница“, која се емитува на Шоу ТВ. Овој лик ѝ донесе голема популарност, а серијата освен што е хит меѓу гледачите, им овозможи на многумина да се запознаат со нејзиниот талент и шарм.
printskrin Youtube-KIZILCIK SERBETI