Почетна Убавина и здравјеКАКОВ ПРЕСВРТ! Блејк Лајвли повлече шокантен потег и ја откажа тужбата за „намерно предизвикување емоционален стрес“

КАКОВ ПРЕСВРТ! Блејк Лајвли повлече шокантен потег и ја откажа тужбата за „намерно предизвикување емоционален стрес“

од nenad
3 минути читај за

Актерката ја повлече својата тужба против Џастин Балдони, во која го обвини дека намерно ѝ нанел емоционален стрес, откако неговиот правен тим побара медицинска документација како доказ.

Имено, во новиот документ до кој ексклузивно дошол DailyMail.com, се наведува дека Блејк Лајвли се откажала и од второто обвинение – за ненамерно предизвикување емоционален стрес – за да ја избегне обврската да ги сподели своите здравствени податоци со правниот тим на Балдони.

Сепак, постои една „финта“ – иако овие две обвиненија се повлечени, тоа е направено „без предрасуди“, што значи дека Лајвли има можност повторно да ги поднесе. Овој потег предизвика нова серија правни дописи, при што тимот на Балдони гневно изјави дека актерката бара „преку леб погача“, инсистирајќи дека таа мора да го исполни нивното „разумно“ барање за доставување на медицинска документација.

Фото: Printscreen Instagram @blakelively

Извор близок до случајот изјавил за DailyMail.com дека адвокатите на Лајвли се обиделе тивко да ги отфрлат обвиненијата за емоционален стрес, за да избегнат анализа на нејзините здравствени податоци. Претходно, Лајвли тврдеше дека Балдони со своето однесување сериозно го нарушил нејзиното физичко, психичко и емоционално здравје – нешто што, доколку е точно, би можело да се потврди преку нејзината медицинска документација.

Ова е само уште еден вообичаен дел од правниот процес, кој повторно се користи како медиумска стапица. Ние го правиме тоа што го прават адвокатите – се подготвуваме за судење, се фокусираме на суштината на случајот; тие го прават она што секогаш го прават – очајно бараат уште еден наслов за таблоидите,“ се наведува во одговорот на тимот на Блејк Лајвли на барањето за коментар од DailyMail.com.

Иако Лајвли сега се повлече од обвиненијата поврзани со емоционален стрес, Балдони сè уште мора да се брани од неговите други обвинувања – меѓу кои се сексуално вознемирување и организирана кампања за оцрнување против неа.

Балдони, кој има 41 година, истовремено води контратужба вредна 400 милиони долари, тврдејќи дека Лајвли му ги нарушила репутацијата и кариерата со лажни обвинувања.

Најновиот пресврт во овој правен хаос доаѓа откако двете страни се судрија околу обидот на Балдони да ја повика Тејлор Свифт – некогаш најдобрата пријателка на Лајвли – како сведок во случајот.

Филмот во центарот на конфликтот, базиран на бестселерот „It Ends With Us“ од 2016 година, премиерно беше прикажан во август и доживеа голем успех во кино-салите.

Тејлор Свифт (36) беше вовлечена во случајот во јануари, по наводите дека Блејк Лајвли ги нарекла неа и својот сопруг Рајан Рејнолдс „своите змејови“ и се заканила дека ќе му ги „пушти“ на Џастин Балдони, доколку тој не се согласи на измените во сценариото што таа ги побарала. Според еден правен документ, Лајвли наводно се заканила дека ќе ја објави меѓусебна преписка доколку Свифт не ја поддржи нејзината верзија на настаните.

Правниот тим на Лајвли веднаш ги негираше овие тврдења и побара повлекување на поканата до Свифт, што ѝ беше одобрено од судијата Луис Лиман.

Сепак, судот ги поддржа повиците упатени до самата Лајвли и до Рајан Рејнолдс, па актерката ќе мора да сведочи – иако и за тоа во моментов се води правна битка, бидејќи таа одбива да биде испитувана од адвокатите на Балдони.

Одлуката на Лајвли да ги повлече обвиненијата за емоционален стрес претставува уште еден правен удар за 37-годишната актерка, која со месеци е под притисокот на негативните наслови, а нејзиното пријателство со Свифт е јавно нарушено.

Некои од обвиненијата на Лајвли се доведени под прашање – како на пример она дека Балдони ѝ го душкал вратот и ѝ рекол: „Мирисаш прекрасно“ за време на една сцена со танц. Иако тврдела дека микрофонот не ѝ бил вклучен, DailyMail.com дошол до необработена снимка која покажува дека разговорот се слуша – но Балдони всушност зборувал за мирисот на нејзиниот спреј за самопотемнување.