Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја критикуваше Кина, тврдејќи дека таа не го следи билатералниот договор поврзан со давачките.
“Без големо изненадување, Кина целосно го прекрши договорот”, објави Трамп на неговата платформа за социјализација “Трут соушал” (Truth Social), без да нуди специфичности за кршењата од страна на Пекинг.
Дополнително, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека трговските разговори меѓу САД и Кина се “на мртва точка”.
САД и Кина претходно ги намалија тарифните стапки за 115 проценти, оставајќи 30 проценти од давачките за кинеската роба што влегува во САД, а само 10 проценти за американските производи што се увезуваат во Кина.
На 12-ти мај во Женева, САД и Кина постигнаа спогодба за намалување на царините за 115%, со што останаа 30% од давачките за кинеската стока што се носи во САД, и само 10% за американската стока која се транспортира во Кина.
Во април, Трамп наметна давачки од 145% на кинеските производи, а Пекинг реагираше со зголемување на давачките за увоз на американски артикли на 125%.
Извор: МИА