Почетна Убавина и здравјеЍ направил дете на сосетката во четврто одделение – Убавина и здравје

Ѝ направил дете на сосетката во четврто одделение – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Шон Стјуарт ќе остане запаметен како најмладиот татко на светот

Шон Стјуарт имал само 11 години кога започнал врска со својата 15-годишна сосетка Ема Вебстер, а фактот што набрзо потоа станале родители, ја шокирал цела Велика Британија. Нивниот син Бен Луис дошол на свет на 20. јануари 1998, само еден месец по 12-тиот роденден на Шон, а момчето добило слободен ден од училиште за да присуствува на раѓањето на детето.

Во тоа време живеел во Бедфорд со својата самохрана мајка Тереза, која тогаш имала 38 години и седум деца од тројца различни мажи.

Ема живеела во соседната куќа со мајка ѝ Ширли, која тогаш имала 46 години, и со 49-годишниот татко Реј, кој во тоа време бил невработен возач на виљушкари.

Приказната за тоа како Шон се прекачувал преку покриви за да се види со Ема завршила на насловните страници на медиумите ширум светот.

По породувањето, Шон изјавил:

„Се надевам дека ќе ѝ останам близок пријател на Ема што е можно подолго. Таа доаѓа кај мене дома секое утро пред училиште и ме пречекува кога излегувам од автобус секое попладне. Моментално сѐ е во ред и ништо нема тргнато наопаку.“

Шон некое време продолжил да оди во основното училиште „Маргарет Бофорт“ во Рајзли, но си заминал од Бедфорд во раните тинејџерски години.


Поврзани објави

Стјуарт живеел сосема поинаку од ветувањето што го дал кога му се родил синот. Уште на 22 години завршил зад решетки поради кражба, а првиот пат поминал 7 месеци во затвор. Потоа, живеел на јужниот брег, а последните неколку години живеел на разни адреси во областите Сент Леонардс и Хејстингс во Сасекс.

Мајка му подоцна се омажила со друг маж. Кога ја прашале дали разговарала со својот син последниов период, таа одговорила: „Не знам каде е Шон“.

Ема планирала да се врати во училиште откако им ја продале својата приказна на неделните весници. Во меѓувреме, продолжила понатаму и се омажила со друг маж. Двојката живее со Бен и другите деца во куќа вредна 200.000 фунти.

Кога пред неколку години ја прашале за Шон Стјуарт, таа рекла:

„Не сум го видела Шон, не сакам да разговарам за него, бидејќи тоа не му помага на Бен. Сега сум мажена и имам убаво семејство. Добро му оди на Бен. Само сакаме да продолжиме со своите животи.“

Моментално нема достапни информации за животот на Шон по тој период, ниту за тоа дали стапил во контакт со син му Бен.

ФОТО: Х