Кристен Стјуарт на црвениот килим на Канскиот фестивал ја откри тетоважата на ногата, за која откри дека има посебно значење во нејзиниот живот. Филмскиот фестивал во Кан трае до 24 мај, а на долгата листа славни личности кои продефилираа по црвениот килим оваа година се најде и актерката Кристен Стјуарт, која го освои светот со главната улога во трилогијата „Самрак сага“.
На црвениот килим се појави во свилен бел комплет составен од бермуди и сако, а стилот го заокружи со црна вратоврска, црни сандали и бели чорапи.
Кристен, преку внимателно избраните бермуди, ја откри новата тетоважа што ја има над коленото — зборот MINE (моe), кој, изненадувачки, носи 18+ значење. Во разговор за магазинот Vulture, таа откри дека тетоважата е инспирирана од експлицитна сцена од нејзиниот нов филм The Chronology of Water, во кој првпат се појавува како режисерка.
Поврзани објави
Покрај тетоважата „MINE“, Кристен има и уште една на горниот дел од левата рака со зборот WHY („зошто“), која исто така е поврзана со филмот, но без експлицитна заднина.
Фото: Инстаграм