Ако некогаш сте си имале работа со смрдливки во градината или дома, знаете колку можат да бидат здодевни – за среќа, постои природен начин да се ослободите од нив, без употреба на хемикалии
Сезоната на смрдливки и во екот, а овие непожелни инсекти знаат да влезат во домот преку пукнатини на фасадата, па затоа првото нешто што би требало да го направите за да го спречите нивното влегување во вашиот дом е санација на надворешните оштетувања.
Меѓутоа, градинарите знаат трик со потопување сода бикарбона во вода, со која потоа ги прскаат билките, а се верува дека смрдливките бегаат од мирисот на лук и нане, па добро е да ги поставите овие две состојки во близина на влезните врати, прозорци и на другите места низ коишто можат да поминат здодевните бубачки.
Втората, можеби подобра опција, е во вода да сипете неколку капки етерично масло од нане и да ги попрскате прозорците, влезната и балконската врата од надворешната страна.
Поврзани објави
Немојте никако да ги убивате или плашите, бидејќи кога се чувствуваат загрозено, смрдливките испуштаат одвратен мирис. Немојте ни да ги допирате со раце, туку земете хартија или ракавици, внимателно фатете ги и фрлете ги.
Ги привлекува топлина и светлина, па влегуваат низ пукнатините околу прозорците, вратите, облогите, комуналните цевки, оџакот и под стреите. Ги привлекува светлината што продира низ прозорците и понекогаш може да се најдат како лазат по ѕидовите или завесите во близина на сончевите зраци што паѓаат на прозорецот.
Исто така, ги привлекува храна, како овошје и зеленчук. Смрдливките не можат да одолеат на овошје, зеленчук и билки кои произведуваат сок или нектар.
ФОТО: Erik Karits / Unsplash