Пејачката откри дека по триумфот на Евровизија не добила национална пензија…
Марја Шерифовиќ, единствената победничка на Евровизија од Србија, откри дека по големиот успех во 2007 година не добила национална пензија. Иако нејзината победа со песната „Молитва“ ја донесе Евровизија во Белград во 2008 година, таа не добила финансиска награда од државата.
Таа додаде дека на приемот кај тогашниот претседател Борис Тадиќ добила само бонбониера и вратоврска, без никаква парична награда.
Според неа, националната пензија не се доделува автоматски на победниците на Евровизија, туку се базира на целокупниот придонес во културата.
Поврзани објави
Не ми треба никој да ми каже ‘благодарам’. Јас тоа го направив за нашиот народ, да бидеме барем еден ден во годината горди, пресреќни“, рече Шерифовиќ.
Оваа изјава предизвика реакции во јавноста, осоебено за оние многумина кои сметаат дека нејзиниот успех заслужува поголемо признание од државата. Сепак, Шерифовиќ останува скромна и благодарна за поддршката од народот.
printskrin Youtube-blic tv